Сончево со мала до умерена локална облачност, попладне претежно во северните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. UV=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието. UV=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.