Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност

Наутро по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Продолжува периодот на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност, освен во среда кога ќе има услови за повремен локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла или ниска облачност, а дневната температура ќе биде без значителни промени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни