Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во западните делови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.
До четврток ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Стабилизирање на времето се очекува од петок.