Македонија

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. UV=6

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од утре до средината на следната седмица под влијание на циклонска активност во Медитеранот, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни