Македонија

Сончево со мала локална облачост, температурата до 10 степени

Сончево со мала локална облачост, температурата до 10 степени

Претпладне понекаде вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 6 степени.

До вторник до крајот на денот ќе се задржи стабилно, а нов влажен бран ќе започне од ноќта кон среда од северозапад. Врнежите ќе бидат од дожд, во среда на високите планини од снег, а во четврток снег ќе има и понекаде на северозападот и на повисоките места. Врнежите ќе престануваат во четврток во текот на денот, а нови врнежи се очекуваат на почетокот на следниот викенд. Услови за појава на магла ќе има особено во вторник и среда наутро.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни