Македонија

Сончево време и свеж утрински почеток: Максимум до 19°C денеска, утре слаба магла во котлините

Сончево време и свеж утрински почеток: Максимум до 19°C денеска, утре слаба магла во котлините

Максималните температури денеска беа 7 Попова Шапка, 9 Крушево, 10 Маврови Анови, 12 Лазарополе, 13 Берово, 14 Крива Паланка, Виница, 15 Тетово, Прилеп, 16 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола, Штип, 17 Кавадарци, Велес, Демир Капија, Струмица, 18 Гевгелија, 19 Скопје-Петровец.

Времето денеска беше сончево, претпладне во југоисточните делови имаше мала локална облачност. Наместа дуваше слаб ветер од променлив правец.

До крајот на денот ќе се задржи ведро, а во текот на ноќта ќе има мала до умерена локална облачност.

Времето утре наутро ќе биде студено со услови за слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе
достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје утрото студено со услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево
со мала облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни