Претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, во текот на денот сончево со мала облачност.