Македонија

СОНК и Влада договорија покачување, но штрајкот продолжува!

Претседателот на СОНК Јаким Неделков тукушто соопшти дека е постигнат договор со Влада. Тој информираше дека се зголемуваат платите за 12%.

Одговарајќи на новинарско прашање тој кажа дека учениците евентуално во училишните клупи би се вратиле во среда. Додека пак, за утре е планирана средба во СОНК со цел да се донесе одлука за официјално завршување на штрајкот.

„Се работи за процент од 12% на сегашните плати со додатоци кои следуваат врз основа на Законот за колективен договор“, додава претседателот на СОНК Јаким Неделков.

„Освен ова прашање беа отворени и други. А тоа е изработка на колективни договори за детска заштита основно и средно образование. Разговаравме и за приправниците, како и патните трошоци, регресот за годишен одмор. Се на се прашања кои заслужуваат внимание и на истите да се работи искрено“, изјави претседателот на СОНК Јаким Неделков.

„Во текот на утрешниот ден ќе имаме консултација со членството и ќе биде детално информирано. На задоволство на сите шрајкот ќе заврши“, додаде Неделков.

Во однос на изгубените часови и дали ќе има одлужување на државната матура, Неделков кажа дека овие работи би биле објаснети, по завршувањето на утрешниот состанок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни