Македонија

СОНК на нова средба попладнево во Владата во обид за договор

СОНК на нова средба попладнево во Владата во обид за договор

Претставници на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) предводени од претседателот Јаким Неделков во 16 часот ќе имаат средба во Владата во обид за договор за нивните барања од кој ќе зависи и прекинувањето на штрајкот во училиштата и градинките почнат на 11 април.

Неделков за МИА потврди дека во Владата ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на која ќе присуствува и директорката на Европската конфедерација на синдикатите за образование (ETUCE)  Сузан Флокен.

Неделков денеска на прес-конференција најави дека можеби попладнево ќе има средба со Владата, меѓутоа, рече, и доколку има средба, мали се изгледите дека може вечерва нешто да се случи за носење нова одлука и сѐ поизвесно е дека утре ќе продолжи штрајкот, но, сепак, како што рече, јавноста вечерва ќе биде информирана.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни