Утрово вандализиран е објект на детска градинка во Ѓорче Петров.
На ѕидовите на градинката се испишани пораки како „СОНК убијци“, „Убијци на деца“.
Овој вандалски чин е пријавен во полиција.
Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на својот Фејсбук профил сподели фотографии од настанот и истакна дека ова е досега невиден акт на вандализам.
„Вандализиран е објектот на детската градинка Росица, клон Детелинка, во УЗ Мирче Ацев. Пријавено е до надлежните институции и го повикувам Министерство за внатрешни работи во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и соодветно да ги санкционира“, напиша Стојкоски.