Македонија

Сообраќајка во Дебар: Возач со „мерцедес“ тешко повредил жена

Сообраќајка во Дебар: Возач со „мерцедес“ тешко повредил жена

Синоќа околу 22.24 часот во полициската станица во Дебар е пријавено дека на улицата „Амди Леши“ возило „мерцедес“ управувано од О.З.(45) од Дебар, удрило во В.К.(47).

Во несреќата, В.К. се здобила со тешки повреди, констатирани од лекар во Здравствена установа во Дебар.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни