Македонија

Сообраќајна незгода кај Собрание, има повредени

Сообраќајна незгода кај Собрание, има повредени

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која денеска се случи на крстосницата кај Собрание.

Несреќата се случила меѓу два автомобили, а при нивниот судир повредени биле и тројца пешаци.

Од МВР потврдуваат дека сообраќајката кај нив била пријавена околу 13:50 часот.

„Во несреќата случена на крстосница од улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“ учествувале автомобил „Пежо“ и автомобил „БМВ“. На повреди се пожалиле тројца пешаци, возачот и сопатникот на „БМВ“, изјавија за Курир од МВР.

Се уште нема детални информации за повредените кои се пренесени во Ургентниот центар, во ГОБ „8 Септември“ и ГОБ „Св. Наум Охридски“

Полициски екипи се на терен каде во тек е увидот, по што ќе бидат познати повеќе информации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни