Македонија

Сообраќајната забрана на патот Маврово – Дебар укината, патот Битола – Демир Хисар затворен поради незгода

Сообраќајната забрана на патот Маврово – Дебар укината, патот Битола – Демир Хисар затворен поради незгода

Од 14:20 часот денеска се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила (ТТВ) на патниот правец крак Маврово – Дебар. Патот сега е прооден за сите категории возила.

Меѓутоа, сообраќајот на патот Битола – Демир Хисар во моментов е во прекин во двата правци поради сообраќајна незгода. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на инцидентот. Возачите се советуваат да ја следат патната сигнализација и да се информираат за можни алтернативни патни правци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни