Македонија

Сообраќајот од „Петња-Распаќе“ до Подмољје пренасочен по стариот пат Охрид–Струга

Сообраќајот од „Петња-Распаќе“ до Подмољје пренасочен по стариот пат Охрид–Струга

СВР Охрид ја известува јавноста дека, поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е девијација на дел од делницата Песочани-Требеништа и Ново село-Ботун.

Тука сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево-Охрид.

Поради интензивирање на градежните работи, сообраќајот од раскрсницата „Петња-Распаќе“ кај Охрид, до селото Подмољје, ќе се одвива по регионалниот (стариот пат) Охрид-Струга.

Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, на крајна внимателност при движењето на овие патни правци и доследно придржување до поставените сообраќајни знаци.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни