Македонија

Состанок на Главниот штаб за управување со кризи – се прави координација за гаснење на пожарот над Русиново

Состанок на Главниот штаб за управување со кризи – се прави координација за гаснење на пожарот над Русиново

Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, директор на ДЗС, вечерва лично присуствуваше на координативниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово што го раководеше градоначалникот Звонко Пекевски.

Притоа, на работниот состанок на општинскиот штаб, согласно извештаите за движењето и интензитетот на пожарот се одвиваше дискусија за планирање за справување со огнот. Практично, при пожарот во планината над Русиново, заради променливиот ветар, потоа и заради големи шупливи дрвја остани од минатите пожари, што горејќи паѓаат низ стрмнините, а и заради непристапност на теренот е отежнато справувањето со него.

Работниот состанок трае подолго, бидејќи ќе се разгледуваат повеќе опции за со комбинирани сили да се дејствува од раните утрински часови, како и со соодветна механизација, а и со воздухоплови што ќе бидат на располагање со кои ќе се координира од земја согласно конкретните дневни услови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни