Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Состанок на политички директори на НАТО во Скопје

Министерството за надворешни работи информира дека на 28 и 29 Април 2022 година, во Скопје, ќе се одржи неформален состанок на Директорите за политичкo – безбедносни прашања на сојузните Министерства за надворешни работи на НАТО. Со состанокот ќе претседава помошничката на генералниот Секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, г-ѓа Бетина Каденбах. На состанокот, исто така ќе учествуваат и високи претставници на Европската Унија.

На првата работна сесија на состанокот, посветена на Западен Балкан е предвидено свое обраќање да има и Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, по зачленувањето на земјата во НАТО  за прв пат е домаќин на еден ваков настан, на кој учествуваат високи гости од сите земји – сојузнички. 

Одржувањето на состанокот на Директорите за политичкo – безбедносни прашања на сојузните Министерства за надворешни работи на НАТО во Скопје е уште еден доказ за стратешкото значење на Регионот за Северно – Атлантскиот Сојуз.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни