Македонија

Состојба на пожарите во Македонија: Пет активни, четири под контрола

Состојба на пожарите во Македонија: Пет активни, четири под контрола

На ден 23 јули 2025, до 21:00 часот, во државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.

5 се активни

4 се под контрола

16 се изгаснати

АКТИВНИ ПОЖАРИ:

1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)

2. Општина Прилеп – с. Бешиште, местo викано Бешишки Рид (мешана шума)

3. Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)

4. Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума – прнар и сува трева)

5. Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)

ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА:

1. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, местo викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)

2. Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)

3. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)

4. Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (шума)

ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ:

1. Општина Прилеп 1 – с. Ново Лагово (ниска вегетација)

2. Општина Прилеп 2 – населба Тризла (ниска вегетација)

3. Општина Дебар – с. Рајчица (нискостеблеста шума)

4. Општина Боговиње – с. Пирок (ниска вегетација)

5. Општина Теарце – с. Теарце (ниска вегетација и стрниште)

6. Општина Могила – с. Српци и с. Могила (ниска вегетација)

7. Општина Куманово 1 – населба Средорек (ѓубре)

8. Општина Куманово 2 – населба Карпош, ул. 154 (ниска вегетација)

9. Општина Куманово 3 – ул. Никола Тесла (ниска вегетација)

10. Општина Охрид 1 – ул. Ариф Мустафа (ниска вегетација)

11. Општина Охрид 2 – ул. Стив Наумов, место викано Тумба (ниска вегетација)

12. Општина Петровец – с. Огњанци (ѓубриште)

13. Општина Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (ѓубриште)

14. Општина Босилово – с. Старо Балдовци (ниска вегетација)

15. Општина Велес – с. Клуковец (ниска вегетација)

16. Општина Кавадарци – с. Дреново (ниска вегетација)

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни