Македонија

Советник од СДСМ гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош од ВМРО-ДПМНЕ

Советник од СДСМ гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош од ВМРО-ДПМНЕ

Во Општина Карпош денеска беше избран нов претседател на Советот – Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводеше советничката листа на Сотир Лукровски.

За неговиот избор пресудна била поддршката од двајца советници надвор од опозицискиот блок – Раде Трошановски, советник на Венко Филипче од редовите на СДСМ, и Зоран Краљевски, советник на Стевчо Јакимовски од ГРОМ.

Со нивните гласови, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди мнозинство и ја презеде функцијата претседател на Советот.

Изборот доаѓа по завршувањето на локалните избори во кои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, победи во вториот круг и ја презеде функцијата градоначалник на Карпош.

Во јавноста повторно се отвори прашањето за неформалната поддршка што дел од луѓето блиски до СДСМ ѝ ја даваат на владејачката партија во оваа општина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни