Македонија

Советот на Град Скопје со едногласна осуда на насилството врз градоначалничката

Советот на Град Скопје со едногласна осуда на насилството врз градоначалничката

На денешната седница на Советот на Град Скопје, советниците едногласно ја усвоија декларацијата за осуда на насилството насочено кон институцијата градоначалник, насилството врз жените и непочитувањето на законските процедури од страна на надлежните органи. Декларацијата беше предложена од советничката група на СДСМ и коалицијата.

Во текстот се нагласува недвосмислена осуда на секој облик на насилство насочен кон институцијата градоначалник, без оглед на полот на лицето што ја извршува функцијата, при што особено внимание се посветува на насилството кон градоначалничката како жена, што се оценува како двоен напад – и врз институцијата и врз достоинството и безбедноста на жените во јавниот живот.

„Го осудуваме секое непочитување на законските процедури и механизми утврдени заради обезбедување ред, правда и безбедност на сите граѓани и функционери,“ се наведува во декларацијата.

Советниците ги повикаа надлежните органи итно и одговорно да постапат во сите случаи на закани и притисоци насочени кон институцијата и кон градоначалничката, со цел да се утврдат фактите и да се обезбеди целосна заштита.

Со усвојувањето на оваа декларација, Советот на Град Скопје испрати порака за заштита на интегритетот на институциите и на жените што извршуваат јавни функции, но и за потребата од почитување на правната држава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни