Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја потврди информацијата дека во Турција е приведен убиецот на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче.
„Штотуку добивме известување од колегите од пријателска Турција дека креаторот, планерот, главниот координатор и директен извршител е фатен и лишен од слобода на нивна територија идентично со нашите оперативни сознанија во патеката на движењето на осомничениот“, рече министерот.
Тој вели дека вчера било по итна постапка била издадена т.н. „црвена потерница“ која во истиот момент станала видлива во целиот свет.
„Со Шкода, Палевски е однесен во Белград и оставен во хотел. Потоа со Ланд Ровер е пренесен преку Бугарија во Турција во градот Баликесир. нашите полицајци стапуваат со нивен оперативен извор, а ова лице ги известило дека од таму сакал да замине во Истанбул. Се подготвува и со такси возач треба да замине во Истанбул. Тука е негово симулирање дека оди во Истанбул, но останува во Баликесир, каде што е уапсен на автопат. Тој беше последната алка од овој грозоморен чин, која недостасуваше за да кажеме дека сме завршиле се како Министерство за внатрешни работи“, порача Спасовски.
Спасовски претходно кажа дека е направена веќе кривичната пријава за четири лица и тоа на 100 страници.
„Кривичната пријава е изготвена на повеќе од сто страници, вклучувајќи ги доказите, предадена е во ОЈО. Опфатени се пет лица, од кои еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршителство и убстово и еден за помагање при грабнување, согласно доказите кои полицијата ги прибра. Предметот е во целосна надлежност на ОЈО“, посочи Спасовски.