Македонија

Спасовски: Претседателот на Собранието, Гаши, има двојни стандарди во однос на свикување на седницата

Спасовски: Претседателот на Собранието, Гаши, има двојни стандарди во однос на свикување на седницата

Не може законско решение за кое се отвора дебата во законодавниот дом да биде предмет за креирање некакви тензии, пишува пратеникот Оливер Спасовски на Фејсбук.

Тој додава дека „законодавниот дом е местото во коешто треба да ги отвориме сите дебати, да расправаме и да ги затвориме прашањата. Само ако отвораме прашања и дебати вонинституционално може да создадат тензии“.

„Треба да продолжи постапката. Иако гледаме потези кои се влечат со прекинување на постапката за носење на законот. Гледаме дека претседателот на Собранието, Гаши, има двојни стандарди во однос на свикување на седницата. Кога е задолжувањето од Унгарија може да се свика седница на Комисијата, а кога се работи за Законот за бранители тоа не може. Двојство има и во одлучувањето. Постапката треба да продолжи согласно прописите“, додава Спасовски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни