Македонија

Спасовски: Претседателски кандидат кој ја одразува визијата на поддржувачите е клучен за успешно претседателство!

Спасовски: Претседателски кандидат кој ја одразува визијата на поддржувачите е клучен за успешно претседателство!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил истакна дека претседателскиот кандидат кој ја одразува визијата на поддржувачите е клучен за успешно претседателство!

„За мене е многу важно да се утврди кандидат којшто пред се ги споделува вредностите не само на партијата, туку вредностите на мнозинството граѓани коишто се за нашето членство во ЕУ и на основа на тоа да избереме навистина одличен кандидат, којшто би бил и одличен претседател на државата. Личните амбиции, личните комбинаторики во овој момент се неважни. Проевропскиот фронт, проевропската коалиција секако дека е нешто што би претставувало една дополнителна вредност за државата и за напредокот на државата, заради тоа што е многу важно, кој концепт практично ќе ја предводи РСМ во наредниот период. Важно е да имаме фер, демократски избори, избори коишто ќе овозможат граѓаните да донесат одлука за тоа каде ја гледаат РСМ во наредниот период“, вели Спасовски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни