Македонија

Спасувачка акција на планината Беласица, велосипедист излетал во провалија!

Спасувачка акција на планината Беласица, велосипедист излетал во провалија!

Денес, (недела) 10.11.2024 година, ТППЕ Струмица со тим од 4 пожарникари-спасители и едно теренско возило учествуваше во транспорт на повредено лице од местото викано Ѓаволски мост на планината Беласица.

„Велосипедистот спуштајќи се по патеката излетал во провалија и се здобил со повреди при што од неа бил извлечен од други велосипедисти.

Со теренското возило на ТППЕ Струмица заедно со тим на брза помош е префрлено до с.Борисово каде е превземено од возило на брза помош и предадено во Медицински центар Струмица“, велат од ТППЕ Струмица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни