Албанската полиција во спасувачка акција во заливот Филикури кај Химара, биле спасени двајца македонски туристи, кои биле блокирани во заливот.
– Службите на Полициската станица Химара, заедно со екипа спасувачи, по добиеното известување дека двајца туристи се блокирани на плажата Филикури, а еден од нив се лизнал и се здобил со повреди, организирала спасителната акција, јавија албанските медиуми.
Жената која се здобила со повреди од лизгањето и падот, добила медицинска помош и била транспортирана до болницата, и таа е во добра здравствена состојба.