Спремете ги чадорите: Променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часовии Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 14 степени.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни