Македонија

Спротивставени ставови за ветото – Генчовска вели прво Бугарите во Устав па ЕУ, Ќучук смета треба да се укине и да почнат преговорите

Спротивставени ставови за ветото – Генчовска вели прво Бугарите во Устав па ЕУ, Ќучук смета треба да се укине и да почнат преговорите

Денеска на форумот во Бугарија, се разговараше и за преговорите со Северна Македонија.

Бугарија го потврди својот став, изнесен од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, што гласи дека вклучувањето на Бугарите во Уставот е предуслов за почеток на разговори со Скопје, пишува БТВ.

Но, на форумот се слушнале и спротивставени ставови за оа дека треба да се укине ветото и да почнат преговори, па дури потоа да се исполнат условите на Бугарија.

„Пристапот 4 плус 1 ги гарантира правата на Бугарите и Хрватите и Црногорците да бидат вградени во Уставот на Северна Македонија. Како тоа може да се случи е прашање на долг разговор. Според мене, најреално е ако се укине ветото и Бугарија даде зелено светло за првата меѓувладина средба и отворањето на првото поглавје за да се најде начин Бугарите да се вклучат во уставот како конститутивен елемент, изјави европратеникот Илхан Ќучук.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни