Балкан

Србија доби нова влада

Србија доби нова влада

СРБИЈА доби нова влада со 28 министри, која во третиот мандат ќе ја предводи поранешната премиерка Ана Брнабиќ и во која за прв пат во неа ќе биде и претставникот на хрватското малцинство Томислав Жигманов.

Од 225 присутни пратеници во парламентот, 157 гласаа за владата, а 68 против.

Брнабиќ рече дека апсолутен приоритет ќе биде енергијата, која ја наметна војната во Украина. Таа додаде дека во новиот мандат ќе биде и премиер на земја која одбива да воведе санкции кон Русија и покрај повиците на ЕУ и западните претставници да го сторат тоа. Според неа, Србија, без оглед на сите проблеми и многу несогласувања, останува посветена на членството во Унијата и продолжува да работи на реформите и европската интеграција на Србија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни