Македонија

Србија донира уште 20.000 „Спутник“ вакцини за Македонија

Нови 20.000 дози од руската вакацина „Спутник“  пристигнаа како донација од Србија за земјава. Со нив ќе се обезбеди континуитет во вакцинацијата согласно националниот план, соопштија предмалку на прес- конференција премиерот Заев и министерот за здравство, Филипче.

Ќе бидат наменети за критичните категории граѓани и за здравствените работници од секундарно здравство кои сѐ уште не се вакцинирани.

„Ова е огромен чин на пријателство, помош која доаѓа во драгоцено време“, рече премиерот Заев упатувајќи брагодарност до српскиот народ и до претседателот Вучиќ и премиерката Брнабиќ.

Упати порака до граѓаните, да се пријават преку системот за вакцинација, бидејќи само така може да го победиме невидливиот непријател.

Министерот за здравство Филипче нагласи дека вакцините доаѓаат во вистинско време и дека со нив ќе се воспостави континуитет согласно националниот план за имунизација.

Вакцинацијата се одвива според планот, а со оваа донација во системот ќе се вклучат поголем број граѓани, нагласи Филипче.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни