Македонија

Србин без да запре си ја поминал границата Македонија – Грција, полицијата го фати и го смести во психијатриската болница во Негорци!

Србин без да запре си ја поминал границата Македонија – Грција, полицијата го фати и го смести во психијатриската болница во Негорци!

На 02.04.2025 во 10.27 часот на Граничниот премин Богородица, патничко возило „ауди” со српски национални ознаки, ја избегнало граничната контрола, односно без да запре и да му се извршат гранични проверки и царинска контрола, преку лентата за автобуси, остварило влез и се упатило по автопатот во правец кон Скопје.

Исто така и од Граничниот премин Евзони – Р.Грција било известено дека возилото на ист начин ја избегнало граничната контрола и на грчката страна. По преземени мерки возилото било запрено на наплатна рампа „Смоквица“.

По извршената контрола, констатирано било дека возилото било управувано од Н.Т. (42) од Р.Србија, а во возилото сопатници биле неговата сопруга и две малолетни деца. Н.Т. е приведен и привремено згрижен во психијатриската болница во Негорци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни