Македонија

Средба Гаши-Кала: Блиската и непосредна комуникација меѓу институциите ќе продолжи преку службите

Средба Гаши-Кала: Блиската и непосредна комуникација меѓу институциите ќе продолжи преку службите

Денес претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Врховната ревизорска институција на Чешка, Мирослав Кала. На средбата присуствуваше и Максим Ацевски, главен ревизор во Државниот завод за ревизија.

Претседателот Гаши изрази задоволство од средбата и ја подвлече одличната соработка на Државниот завод за ревизија и Собранието на Република Северна Македонија.

Гаши ја истакна одличната соработка со ДЗР во текот на мандатот на Ацевски. Претседателот нагласи дека Собранието секогаш е отворено за соработка со ДЗР и дека денешнава средба со Врховната ревизорска институција на Чешка е во насока на изнаоѓање нови модуси и сфери за проширување на соработката и меѓу двата завода и со Собранието. Гаши истана и дека меѓународните средби меѓу претставници од различни нивоа на државно управување се темел за приближување на граѓаните и унапредување на меѓудржавната соработка во сите сфери.

Кала се заблагодари за честа и средбата со претседателот на Собранието и истакна дека и неговиот впечаток е дека ДЗР работи професионално, транспарентно и одговорно во сферите на трошење на јавните средства и ја повтори одличната соработка меѓу овие две институции, која во текот на неговата посета е дополнително унапредена преку конструктивни дебати и
сфери за потенцијално проширување на соработка. Подвлече дека Чешка го поддржува евро – интегративниот пат на Северна Македонија во сите сфери и дека како институција остануваат отворени за секоја иницијатива и соработка со Собранието и ДЗР и во иднина.

Соговорниците се согласија дека блиската и непосредна комуникација меѓу институциите ќе продолжи преку службите и се заложија за остварување на средби во насока на размена на знаење, искуства и обуки во сферата на транспарентно и отчетно трошење на јавни средства и
разгледување на финални ревизорски извештаи од страна на парламентите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни