Македонија

Средба Мисајловски-Кристов Ле Риголер: „Благодарност за силната поддршка од Француската Република во остварување на нашите стратешки цели“

Средба Мисајловски-Кристов Ле Риголер: „Благодарност за силната поддршка од Француската Република во остварување на нашите стратешки цели“

Добредојде и успешна дипломатска мисија му посака министерот за одбрана Владо Мисајловски на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Н.Е Кристов Ле Риголер на денешната средба во Министерството за одбрана.

На средбата на која присуствуваше и одбранбеното аташе, полковник Валери Санс, се разговараше за одбранбена билатерална соработка со Франција која е активна повеќе од 28 години во областа на воено образование и јазичната обука.

Министерот Мисајловски изрази благодарност за силната поддршка од Француската Република во остварување на нашите стратешки цели, членството во НАТО и на патот кон целосна интеграција во ЕУ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни