Македонија

Средба на министерот за европски прашања, Муртезани со италијанскиот амбасадор Н.Е. Андреа Силвестри

Средба на министерот за европски прашања, Муртезани со италијанскиот амбасадор Н.Е. Андреа Силвестри

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денес во просториите на Министерството за европски прашања оствари средба со амбасадорот на Италијанската Република во Северна Македонија, Н.Е. Андреа Силвестри.

На средбата министерот Муртезани истакна дека поддршката на Италија е од големо значење, како и зацврстувањето на партнерските односи. На состанокот, покрај  меѓусебните билатерални односи, се зборуваше и за  Планот за раст на Европската Комисија за Западен Балкан, чија цел е забрзување на социо-економската конвергенција на регионот во Европската Унија.

Амбасадорот Силвестри истакна дека Италија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на европскиот пат и искажа подготвеност за континуирано зајакнување на соработката во сите области од заеднички интерес на двете земји.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни