Македонија

Средба на претседателот Гаши со конгресмени во САД

Средба на претседателот Гаши со конгресмени во САД

Во рамките на активностите на делегацијата на Република Северна Македонија на Самитот на НАТО, на средбата со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс, пензиониран генерал и поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама, учествуваше и претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Низ интерактивна и спонтана дискусија, беа споделени размислувањата на двете страни за македонските приоритети во светската безбедносна архитектура.

Воедно, беа потенцирани и добрите билатерални односи на Република Северна Македонија со САД.

Беа разгледани можностите за капитални економски инвестиции, а се потенцираше и посветеноста на новата Влада и сите државни институции во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како предуслов за развој на државата и бенефит на сите нејзини граѓани.

Конгресмените изразија силна поддршка на земјата, во контекст на сојузништвото во НАТО и европската интеграција на земјата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни