Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на средба во Париз на францускиот претседател Емануел Макрон му го претстави „Планот за победа“ во борбата против руската агресија.
„Денеска со Емануел Макрон ги споделив украинските планови, планот за победа и го запознав со ситуацијата на бојното поле“, рече Зеленски на заедничкиот брифинг со Макрон.
Тој им се заблагодари на Макрон и Франција за поддршката на Украина од почетокот на целосната руска инвазија.