Breaking Први детали за пожарот во Бангкок: Силна експлозија го прекинала концертот, жртвите најдени заробени во тоалетите
Македонија

Средби на делегации на Советот на амбасадори со амбасадорите Бомгартнер, Гир и Вуцас

Средби на делегации на Советот на амбасадори со амбасадорите Бомгартнер, Гир и Вуцас

Во рамките на своите редовни активности поврзани со процесот на европската интеграција на земјава, делегации на Советот на амбасадори имаа работен појадок со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, на кој што присуствуваше и евроамбасадорот Дејвид Гир, а потоа и работен ручек со австрискиот амбасадор Георг Вуцас,

Како што соопшти Советот на амбасадори, на средбите, одржани вчера, беа разменети мислења за повеќе теми од македонско-европските односи за кои што Советот веќе ги изнесе своите ставови во јавноста.

– Исто така, делегацијата на Советот на амбасадори укажа на деликатниот политички момент во Европа и на потребата за позначајно придвижување на процесот на европската интеграција на земјата, но и на целиот регион на Западниот Балкан. Амбасадорите од земјите членки на ЕУ посебно се интересираа за клучниот предизвик за продолжувањето на евроинтегративниот процес, односно за уставните измени, се наведува во денешното соопштение на Советот на амбасадори.

Советот посочува дека и во наредниот период ќе продолжи со консултациите и со останатите амбасадори од земјите членки на Европската Унија, како и со амбасадорите на државите кои што ја поддржуваат македонската европска интеграција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни