Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се невестата и зетот на годинешната „Галичка свадба“.
Галичка свадба ќе се оддржи викендов, а свадбарските обичаи започнуваат во сабота (13 јули) со фрлање три пушки, виорење на свадбениот бајрак, пречекот на тапаните, свекрвиното оро, а членови на ансамблот „Танец“ ќе го одиграат „Тешкото“.
Стефана и Даријан ќе се венчаат следниот ден (недела) во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, а свеченоста завршува со испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.
Невестата, денеска на прес конференција, посочи дека има галичко потекло од двете баби кои се родени таму, од фамилиите Чаловски и Веновски, а веќе десет години учествува на „Галичката свадба“ носејќи ја носијата на прабаба ѝ Докија Чаловска.
@Верувам дека правилно ќе ја почувствуваме и ќе ја пренесеме галичката традиција која ни е оставена во наследство од нашите предци. Не треба да дозволиме нејзино искоренување. Ова беше моја желба, но многу е важно кој ми ја исполни таа желба – му благодарам многу на Даријан што уште еднаш ми покажа што значи вистинска љубов и разбирање#, истакна Стефана Димитрова.
Таа вели дека е преплавена со емоции, а ова била нејзина желба за која вели е многу важни што Даријан и ја исполнил.
Зетот пак вели со задоволство прифатил да биде зет.