Стефановиќ: Северна Македонија ќе го прекрши меѓународното право ако не го испорача Морина на Србија

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ искажа неверување во фактот дека Северна Македонија нема да го екстрадира Тимор Морина. Тоа според него би било непочитување на меѓународното право.

-Сите земји што се дел од Интерпол треба да се придржуваат кон меѓународните прописи. Северна Македонија треба, врз основа на потерницата и документите, кои Србија ги има пратено, да го предаде Морина на државните органи кои на тоа имаат право, изјави денеска Стефановиќ при распределбата на противпожарните и услужните возила на единиците на МВР.

Тимор Морина, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово, беше уапсен во Северна Македонија, откако беше изден налог од Србија, кој ја бара неговата екстрадиција. Барањето е издадено од Интерпол – Србија, пишуваат српските медиуми.

Стефановиќ оцени дека загрижува тоа што „претставниците на приштинските власти тврдат дека тоа нема да се случи“ што, како што кажа „упатува дека се во дослух со органите на Северна Македонија“. Тој додаде дека не може да замисли дека „Северна Македонија, себеси тоа ќе си го дозволи “.

Министерката за правда Рената Десковска, истакна дека Северна Македонија не добила барање за екстрадиција на Морина од страна на Србија.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното