Свет

Стејт департмент: Северна Македонија и Бугарија да го продолжат дијалогот за надминување на разликите

Стејт департмент: Северна Македонија и Бугарија да го продолжат дијалогот за надминување на разликите

Соединетите Американски Држави ги охрабруваат владите на Северна Македонија и Бугарија да продолжат со билатералниот дијалог за да се надминат разликите, соопшти Стејт департментот.

Како што е наведено, САД силно ја поддржуваат целосната интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.

„Ги охрабруваме владите на Северна Македонија и Бугарија да продолжат со билатералниот дијалог со цел да се решат разликите, да се исполнат постоечките договори и да се поддржи брзиот пристап на Северна Македонија во Европската унија“, соопшти Стејт департментот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни