Македонија

Стоилковиќ, Николоски и Муцунски на средба со Брнабиќ

Стоилковиќ, Николоски и Муцунски на средба со Брнабиќ

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ денеска ја прими делегацијата на македонската влада.

Тие заклучија дека ќе се фокусираат на реализација на конкретни проекти и иницијативи со цел понатамошна интеграција и унапредување на билатералните односи, што според нив ќе помогне за регионалната стабилност и просперитет.

Делегацијата на Северна Македонија ја сочинуваа вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Брнабиќ рече дека Северна Македонија секогаш може да смета на искрената поддршка и партнерство од Србија.

Страните се осврнаа на можностите за понатамошен развој на пријателските врски преку потпирање на заедничката историја и блиските културни врски, се вели во официјалното соопштение.

Ставајќи посебен акцент на парламентарната соработка, тие рекоа дека се задоволни што е формирана група за пријателство меѓу Северна Македонија и Србија во македонскиот парламент.

Брнабиќ го истакна значењето на Северна Македонија како економски партнер на Србија и во надворешната трговија и во инвестициската соработка.

Се разговараше и за протоколот потпишан во Скопје за да се овозможи воспоставување на либерализиран пазар на труд како дел од иницијативата Отворен Балкан, кој ќе помогне за подобрување на деловното опкружување и справување со проблемот со недостигот на работна сила, се вели во соопштението.

Стоилковиќ рече дека е задоволен што соработката станува се посилна и истакна дека силните и трајни врски меѓу двата народа претставуваат цврста основа за натамошно унапредување на соработката на сите нивоа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни