Стоилковски: Неспособноста на СДСМ го поскапи лебот, а не сушата

На прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски ја обвини власта дека е виновна за поскапувањето на лебот, а не, како што истакна Анѓушев сушата и поскапеното жито.

„Оваа црна власт за една намена го покажува своето вистинското лице- дека не водат грижа за економски ранливите категории. Поскапува лебот, а Вицепремиерот за економија, фондовскиот иновативец Кочо Анѓушев и заедно со министерот за уништување на земјоделството Љупчо Николовски, од министерска позиција порачуваат дека не им е грижа, поскапувал само, внимание, само евтиниот леб!? Оваа власт, затворена во својот елитизам, покажува комплетна негрижа за граѓаните, за социјалната димензија на надоаѓачкиот бран поскапувања, за цената на лебот кој што е основен продукт за исхрана и параметар за стабилноста на политиките и економијата на една држава.

Се вчитува...

Анѓушев вели, внимавајте „Засега поскапе само најевтиниот леб“. Вели, засега! Тоа е признавање дека предупредувањата од ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во земјоделството се вистинити, дека ова не е крај на поскапувањата, дека се отвора спиралата на поскапувања и дека негрижата за македонското земјоделство и за социјалниот момент е комплетна. Го доведоа народот до просјачки стап. Нема раст на економијата нема инвестиции, земјоделците протестираат- слика која што не сме ја виделе десетина години.

Велат, ќе интервенирале ако има потреба. Повторно ЌЕ, ветувања какви што се изнаслушавме! Исто како за просечната плата од 500 евра!

Инвентивниот Анѓушев сега вели сушата си го земала данокот, дека житото на сите светски берзи е поскапено до 30тина проценти, истовремено кога Светската организација за храна вели цените се на најниско ниво, заради ниските цени на пченицата.

НЕ, почитувани, не сушата, туку неспособноста на црната власт за една намена си го зема данокот. А цената ја плаќа народот. ВМРО-ДПМНЕ даде низа предлог мерки за спречување на овие предвидливи состојби, но на власта не и е грижа се’ додека има фондови и тендери за четири очи“, рече Стоилковски.

Извор: ТВ21