Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштиле Блерим Рамадани да избега.
Како што вели, неопходни се итни реформи во судството.
„Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пушти Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега.
Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп.
Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити.
Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија.
Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш“, вели Стојаноски.