Стојановски: Ставаме министри кои на функција се учат како треба, затоа сега луѓето се херметички затворени

Ставајќи министри кои учат додека се на функција ја донесоа државата на ова дереже, рече од собраниската говорница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски на седницата за избор на нови министри за здравство и информатичко општество.

„Сега сме единствена држава во светот каде луѓето се затворени херметички, заради таквите министри кои се учеа во Владата. Токму затоа ја донесовме државата до ова дереже за денеска да имаме итна седница да менуваме закони за патни испрати, оти од денеска нема да важат патните исправи за управување возило“, изјави Бојан Стојановски од собраниската говорница.

Претходно техничкиот премиер Талат Џафери ги презентираше новите предлог имиња за нови министри во Министерството за здравство и Министерството за информатичко општество и администрација.

„Млад човек кој што треба да има прилика да се покаже и докаже во струката и во тој контект нема причина што друго да се додаде од тоа што го достави како CV. Немам друго што да ви кажам, особено за делата на министерот за здравство, ние директно или индиректно се поминале ја знаеме квалитето на услугата“, изјави техничкиот премиер Талат Џафери.

Пратениците наместо по точката на дневен ред, најповеќе од дискусиите се задржаа на говор со барање дека треба Собранието да закаже итна седница на која треба да се реши проблемот со возачките дозволи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното