Македонија

Стојкоски: Има одредени зголемувања на цените во малопродажба, во големопродажба цените се вратени како пред одлуката!

Стојкоски: Има одредени зголемувања на цените во малопродажба, во големопродажба цените се вратени како пред одлуката!

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Влатко Стојкоски, информира дека по укинувањето на мерките за ограничување на маржите и замрзнување на цените, кое заврши на 30 април, се забележува умерен раст на цените во малопродажба, додека во големопродажба тие се враќаат на нивото од пред мерките.

– Има умерено зголемување на цените на пазарите во малопродажба. Кај производите со најголем обрт зголемувањето се движи од 3 до 5%, додека кај производите за лична хигиена, бебешка храна и пелени цените се зголемени за 10 до 20%. Од друга страна, кај зеленчукот и овошјето има значителни намалувања, дури од 20 до 100% – изјави Стојкоски на денешната прес-конференција во Владата.

Анализата на ДПИ, направена пред десетина дена, е веќе доставена до Министерството за економија и труд. Таа е изработена врз основа на контроли спроведени кај над 100 субјекти и над 1.000 продажни места низ државата.

Како што додаде Стојкоски, станува збор за обемна анализа која сега е во надлежност на Министерството за економија, кое треба да ја разгледа и да донесе соодветни заклучоци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни