Македонија

Столтенберг: Очекувам сите 29 членки да го потпишат Протоколот за пристап на Македонија во НАТО

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО денеска соопшти дека многу скоро ќе биде потпишан протоколот за пристап на Македонија во Северноатлантската алијанса. Столтенберг истакна дека очекува сите 29 земји членки да го потпишат Протоколот, со што НАТО ќе ја поздрави Република Северна Македонија како 30-та членка на Алијансата.

„Очекувам сите 29 сојузници да го потпишат протоколот за пристапување, по што Скопје ќе учествува на два состаноци на НАТО како гостин. Откако сите 29 сојузници ќе го ратификуваат протоколот, ќе ја поздравиме Република Северна Македонија како 30-ти член на НАТО“, рече Столтенберг на заедничката конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис денеска во Романија, додавајќи дека пристапот на земјава во НАТО ќе ги зајакне мирот и стабилноста во регионот и во Европа.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни