Министерот за здравство, Азир Алиу, ги презентираше наодите од странската комисија ангажирана да ги испита сомнежите за непотребни кардиолошки интервенции во приватните болници, случај што првично го актуелизираше д-р Сашко Кедев.
Анализирани се вкупно 13 предмети, од кои кај дури 9 пациенти се откриени сериозни пропуст. Кај 4 пациенти е утврдено дека лекувањето било навремено и според стандардите.
„Кај девет случаи документацијата укажува на сомнителни наоди — несогласување меѓу реалната состојба (ангиографијата) и писмените извештаи, што довело до неоправдани хируршки процедури“, изјави Алиу.
Овој случај отвора сериозни сомнежи дека врз пациенти се вршеле непотребни интервенции мотивирани од финансиска добивка