Македонија

Струга бележи рекордна посетеност: Богатата летна програма ги исполни бреговите на Охридското Езеро

Струга бележи рекордна посетеност: Богатата летна програма ги исполни бреговите на Охридското Езеро

Струга го достигнува врвот на летната туристичка сезона. Градот е преполн со домашни и странски туристи, како и со иселеници кои, покрај езерските води, уживаат во богатата културна, спортска и забавна понуда.

Градоначалникот Менди Ќура посочи дека оваа сезона е една од најдинамичните досега, претставувајќи ја Струга како една од водечките дестинации во земјата.

„Ова лето организиравме 24 настани опфатени во повеќе од 30 дена летна програма, која продолжува и понатаму. Горди сме што успеавме да обединиме илјадници посетители со квалитетна и разновидна понуда за сечиј вкус“, истакна Ќура.

Тој нагласи дека визијата за развој на Струга опфаќа повеќе од инфраструктурни проекти — клучен е влог во уметноста, културата и духот на градот:

„Промените не се градат само со патишта и тротоари, туку и со култура и јавен живот во секој катче. Нашата цел е Струга да биде град кој постојано се развива, но истовремено живее и дише со својот автентичен дух.“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни