Струмица ќе добие десет електрични автобуси за воведување на јавен превоз, првпат од постоењето на оваа општина. Градоначалникот Костадин Костадинов рече дека автобусите ќе почнат да возат веќе во септември.
„Треба да ги преземеме клучевите од новите електрични автобуси за потребите на граѓаните на Струмица, и испишуваме историја како граѓани на Струмица, затоа што нашата општина немала јавен превоз, а потребите во ова скапо време знаеме колкави се. Струмица е еден од градовите во кои се соочуваме со енормна загаденост на воздухот“, рече градоначалникот Костадин Костадинов.

