Берово со-7 степени утрово беше најстуден град во Македонија, во извештајот на УХМР во 8:30 часот.
После Берово следува Попова Шапка со-6, па Скопје со-5, Крива Паланка, Битола, Велес, Демир Капија и Струмица со-4.
Единствено Охрид беше во плус, со измерени +2 степени.
Најмногу снег има на Попова Шапка 33 сантиметри, додека во Маврово 28 сантиметри.
Времето денеска облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните југоисточни делови (над 25 l/m 2). На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.