Десет лица се повредени во судир на два патнички воза во чешкиот главен град Прага.
Возовите се судриле во близина на станицата Праг-Либен, на пругата меѓу станицата Височани и Главната железничка станица, јавува РТС.
Како што јавува денеска Млада фронта, повредени се петнаесетина лица, главно со модринки и гребаници.
Се наведува дека истражителите заедно со железничкиот инспекторат ќе го испитаат настанот поради постоење сомнение за кривично дело од општа опасност од невнимание.
Сообраќајот на тој дел од пругата е во прекин.