Во среда почнува судењето на Љупчо Палевски – Палчо, обвинет за убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.
Палчо после делото од Србија заминува во Турција каде што беше долго време, а потоа беше уапсен и во притвор, по што екстрадиран во Скопје.
Палчо е осомничен за две кривични дела: убиство и грабнување.
За истиот кривично-правен настан обвинети се уште и четири други лица, за кои е оформен предмет. Обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

